Врз основа на член 42 од Законот за рамномерен регионален развој и Одлуката на Владата на Република Северна Македонија, на ден 24.04.2019 година се потпиша договор помеѓу Центарот за развој на Скопски плански регион и Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој за реализација на следниве проекти:
- Реконструкција на регионален пат Хиподром – Илинден /Општина Гази Баба, Општина Илинден
- Реконструкција на коловоз на улица Рилски Конгрес, Локалитет Тасино Чешмиче / Општина Центар
- Подготовка на Техничка документација (Основен проект со ревизија) за водоснабдување / Општина Арачиново
- Изработка на техничка докумнетација за реконструкција и проширување на ул.3, ул.2 и дел од улицата од населба Шуто Оризари до село Горно Оризари / Општина Шуто Оризари
- Изградба на потпорни ѕидови и плоча во должина од 100 метри преку делумно уредување и покривање на каналот во село Сингелиќ, Општина Гази Баба, I-фаза
- Изработка на техничка документација со ревизија за општините Чаир и Сарај
Средствата доделени на Центарот за развој на Скопски плански регион се однесуваат за тековната 2019 година.
No comment yet, add your voice below!