Во посета на општина Шуто Оризари, Раководителот на Центарот за развој на Скопски плански регион, г-дин Љупчо Кец Мицковски оствари средба со Градоначалникот на општината г-дин Курто Дудуш. Целта на состанокот беше соработката на центарот и општините. Во изминатите години преку Центарот за развој на Скопски плански регион во партнерство со општината аплицирани се неколку проекти. Се разговараше за моменталната состојба на општината, кои се нивните планови, приоритети и можности.
Преку програмата за регионален развој за 2019 година, Центарот за развој на Скопски плански регион во соработка со општина Центар аплицираше во Бирото за регионален развој / Министерство за локална самоуправа со проектот “Изработка на техничка документација за реализација и проширување на ул.2, ул.3 и дел од населба Шуто Оризари до село Горно Оризари”.
Центарот за развој на Скопски плански регион е носител на повеќе плански документи меѓу кои и Програма за развој на Скопски плански регион 2015-2019, која оваа година ќе се ревидира. За таа цел Општина Шуто Оризари како и останатите општини од Скопскиот регион се очекува да дадат голем придонес во обновувањето на истата која ќе биде во важност во периодот 2020-2024 год.
Престои работна година за Центарот за развој на Скопски плански регион согласно законските одредби, мерките и насоките за работа и сето тоа се разбира во корелација со општините и градот Скопје.
{gallery}novosti/2019/2019.02.07:::0:0{/gallery}
No comment yet, add your voice below!