Раководителот на Центарот за развој на Скопски плански регион г-дин Љупчо Кец Мицковски одржа состанок со градоначалникот на Општина Арачиново, г-ѓа Миликије Халими.
На состанокот се разговараше за моменталната состојба на општината, проблемикте со кои се соочуваат, приоритетите кои ги имаат и сл. Во таа насока се разговараше и за проектите кои произлегуваат од општината, а чиј носител е Центарот за развој на Скопски плански регион. Согласно Програмата за регионален развој за 2019 година од БРР/МЛС, Центарот за развој на Скопски плански регион аплицираше во партнерство со општина Арачиново со проектот “Подготовка на техничка документација (основен проект со ревизија) за водоснабдување”. Исто така поднесена е апликација за Програмата за капитални субвенции за развој на планските региони во областа на земјоделството и руралниот развој при Министертсвото за земјоделство, шумарство и водостопанство, каде носител на проектот “Тампонирање на патишта до земјоделски обработливи површини” е исто така Центарот за развој на Скопски плански регион.
Во тек е разгледувањето и одобрувањето на доставените апликации.
Во 2019 година ќе следи ревидирање на Програмата за развој на Скопски плански регион. За таа цел Општина Арачиново како и останатите општини од Скопскиот регион се очекува да се вклучат и да дадат голем придонес во обновувањето на истата која ќе се спроведе преку дискусии кои ќе произлезат на работилниците кои следат.
{gallery}novosti/2019/2019.02.07 1:::0:0{/gallery}
No comment yet, add your voice below!