Одржан состанок во општина Студеничани каде се сретнаа Раководителот на Центарот за развој на Скопски плански регион, г-дин Љупчо Кец Мицковски и секретарот на општината г-дин Бурханедин Нухију. На состанокот се разговараше за успешната реализација на заедничките проекти како и можностите за понатамошна соработка. Последна соработка на Центарот за развој на Скопски плански регион и општина Студеничани беше во спроведување на проектот Реконструкција на пристапен пат Драчево – Мотел Китка – фаза 3.
Во 2019 година ќе следи ревидирање на Програмата за развој на Скопски плански регион, каде ќе бидат повикани сите општини да дадат свој придонес во обработка на истата. Таа ќе се однесува за период од 2020 -2024 година.
{gallery}novosti/2019/2019.02.05:::0:0{/gallery}
No comment yet, add your voice below!