Центарот за развој на Скопски плански регион во соработка со проектниот тим составен од Фонадацијата за поврзување на природни вредности и луѓе (CNVP), Мрежата за раурален развој на Република Македонија (МРР на РМ) и Акција за рурален развој (АкРРа), како имплементатори на проектот ,,Национален рурален парламент како глас на руралното население – НРП’’, финансиран од ЕУ на ден 13.07.2017 одржа средба, на која беа поканети граѓански организации од Скопскиот регион.
елта на средбата беше индетификување на активните граѓански организации кои работат во полето на рурален развој, да разменат искуства и да дискутираат за можностите како подобро да бидат вклучени во политиките поврзани со руралниот развој.
Проектот ,, Национален рурален парламент како глас на руралното население – НРП’’ е дизајниран да го зајакне влијанието на граѓанското општество врз локалните и националните политики поврзани со руралниот развој. Ова ќе се постигне преку зголемување на капацитетот на руралните граѓански организации за вмрежување и застапување, со цел да влијаат на процесите за донесување одлуки и придонесат во стратешкото партнерство со локалните и национални власти.
[foogallery id=”4601″]
Заедно до подобри политики за рурален развој
ДАТУМ
јули 14, 2017
Категории
Споделeте:
Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram
No comment yet, add your voice below!