Skip to content

Покана за Конференција на тема: „Креирање на млади лидери претприемачи“ 24 април 2017, Скопски саем / Дипломатик сала, 11ч.

ДАТУМ

април 11, 2017

Категории

LEAP summit 2017 година е глобалнa 3 дневна конференцијата, на која ќе учествуваат повеќе од 2.000 млади претприемачи, студенти, млади професионалци, лидери во НВО сектор и лица кои прават промени во општеството и кои се лидери во нивните заедници. Главниот фокус на конференцијата се теми поврзани со иновации, технологија и модерни технологии, претприемништво, развој на кариера и стории за менување на живот во позитивна смисла. LEAP се залага за учење, вклучување, делување и прогрес. Самитот е совршена комбинација на формални и неформални настани. Формална програма се состои од серија дебати, панел сесии, работилници и интерактивна дискусија. Неформалната програмата доведува да учесниците ја збогатат својата мрежа на контакти и донесува многу интересни интерактивни сесии. Самитот LEAP ги зближува луѓето од целиот свет на едно место да учат заедно со цел да ги реши најголемите предизвици на нашето време. Повеќе информации на MailScanner has detected a possible fraud attempt from “l.facebook.com” claiming to be www.leapsummit.com.
Конференција „Креирање на млади лидери претприемачи“ е во рамките на LEAPin summit кој ќе се одржи во Загреб од 11 – 13 мај 2017 година. На конференцијата ќе се зборува за развојот и начинот како да се создадат нови претприемачи, потоа создавање на млади лидери претприемачи како носители на развојот на Македонија, и сопствени искуства на веќе изградени млади претприемачи кои имаат основано сопствени компании во странство и имаат странски инвеститори во своите компании,

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy