Skip to content

Информативен настан на тема “Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап, спин- оф и Кофинансирани грантови и условени заеми за комерцијализација на иновации”

ДАТУМ

март 7, 2017

Категории

На ден 06.03.2017 година во просториите на Скопскиот Саем се одржа информативен настан за четвртиот повик за инструментите од Фондот за иновации и технолошки развој и тоа:
“Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап, спин- оф и  Кофинансирани грантови и условени заеми за комерцијализација на иновации”. На средбата беа поканети претставници од бизнис секторот при Скопскиот плански регион, како и претставници од образовните институции, коморите и граѓанските здруженија.
Претставниците од Фондот за иновации и технолошки развој,  ги образложија предизвиците со кои се соочува евалуационата комисија за анализа на пристигнатите апликации. Дополнително беше образложено каде апликантите треба најмногу да внимаваат при пополнувањето на апликацијата, беше презентирана буџетската рамка во рамките на апликацијата со цел апликантите да направат успешна апликација.
Согласно наметнатите теми од двете презентации, помеѓу присутните се разви дискусија околу можностите за финансирање како и административните препреки со кои се соочуваат иноваторите.
[foogallery id=”4734″]

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy