Во организација на Центарот за развој на Скопски плански регион, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Платежната Агенција на ден 14.02.2017 година се одржа информативен настан на тема: „Можности кои ги нуди ИПАРД Програмата 2014-2020” во Скопски саем, сала Дипломатик.
елта на информативниот ден беше да се информираат потенцијалните апликанти за можностите кои ги нуди новата ИПАРД Програмата 2014-2020. На овој настанот беа презентирани две мерки :
“Инвестиции во материлјани средства за преработка и маркетинг на земјоделските и рибните производи” и
“Диверзификација на земјоделските стопанства и развој на бизниси”
На настанот земаа учество претставници од агро бизнисот и консултанти. Согласно можностите кои се нудат од оваа програма, помеѓу присутните се разви дискусија околу намената на средствата во одгледувањето на живина и пчеларството. Претставниците од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство потенцираа дека заинтересираните апликанти би можеле да се информиаат за процесот на аплицирање, како и предизвиците со кои би се соочиле во процесот на имплементација на проектот. Дополнително експертите потенцираа дека од особено значење на апликантите би им била и соработката со надворешни консултанти кои ги следат административните, законските и техничките измени.
[foogallery id=”4768″]
No comment yet, add your voice below!