Skip to content

Извршена реконструкција на дел од пристапниот пат до рекреативниот центар ‘’Теферич’’ – Фаза 1

ДАТУМ

јануари 18, 2017

Категории

Центар за развој на Скопски плански регион го реализира   проектот „Реконструкција на дел од пристапен пат до рекреативен центар „Теферич“ – Фаза 1 во должина од 500м.Партнери на проектот се  Градот Скопје и општините Кисела Вода и Сопиште.
Проектот е од големо значење бидејќи  ги поврзува општините Кисела Вода и Сопиште. Овој патен правец е единствената врска со Рекреативниот центар ,,Теферич”  кој е еден од најуваб и најживописен предел, со викенд куќи, како и црквата Св. Преображение Христово . Со реализација на овој проект ќе се подобри  животниот стандар на жителите, ќе се зголеми посетеноста до туристичкиот и рекреативен центар Теферич ,а со самото тоа  ќе се создадат услови и за подобар економски развој.Поставен е нов асфалт,  нови тротоари  поплочени со бехатон плочи и канделабри за осветлување на патот.
Проектот  е финансиран  од страна на Бирото за регионален развој (БРР)/Министерство за локална самоуправа (МЛС) согласно програмата за регионален развој 2016 година и од буџетот на општина Кисела Вода. Висината на с-вата за реализација на проектот изнесува 5.547.071,00 денари.
[foogallery id=”4794″]

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy