На ден 28.12.2016 во просториите на хотел Континентал се одржа седумнаесеттата Седница на Советот за развој на Скопскиот плански регион. Седницата ја отвори и со неа раководеше Претседателот на Советот за развој на Скопскиот плански регион, Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Г-дин Сокол Митровски.
На седницата присуствуваа градоначалници од општините во Скопскиот плански регион . Согласно дневниот ред на Седницата, меѓу другото беше разгледана Информацијата за Назначување на ревидент за тековниот ИПА проект “Изработка на неопходна документација за воспоставување на интегриран финансиски самоодржлив систем за управување со отпад во Пелагонискиот, Југозападниот, Вардарскиот и Скопскиот плански регион“.
На седницата беше усвоен Акционен план за реализација на Програмата за развој на СПР за 2017 год како и Финансиски план за 2017 год за тековно работење на ЦРСПР.
[foogallery id=”4823″]
No comment yet, add your voice below!