Skip to content

Реконструиран пристапен пат Драчево – Мотел Китка во должина од 530м

ДАТУМ

декември 8, 2016

Категории

Центарот за развој на Скопски плански регионзаедно со општината Студеничани, продолжи со реконструиција на пристапен пат Долно и Горно Количани кој претставува  трета фаза од проектот во должина од 530м. Средствата потребни за реализзација  на овој проект во висина од 2.849.650, 00 денари се обезбедени од МЛС/ Биро за регионален развој како и  од општината Студеничани, како партнер на проектот. Согласно завршетокот на овој проект, Центарот за развој на Скопски плански регион, има рекуструирано вкупно 2.230м пристапен пат Драчево – Мотел Китка,  преку Бирото за регионален развој.
Согласно техничката документација на проектот предвидено е пристапниот пат да се реконструира во фази, со што ќе се заокружи непрекината целина која почнува од Пеленице – населба Драчево, до Спортско рекреативниот центар Мотел Китка.
Спортско рекреативниот центар Китка со своите  природни карактеристики изобилува со можности за спорт и рекреација, особено за планинарење и велосипедизам како можност за  развој на туризмот. Со изградба на основната инфраструктура  ќе се подобрат условите за развој на економијата во оваа општина а со тоа да се подобри и квалитетот на животот на жителите на општина Студеничани.
Центарот за развој на Скопски плански регион ќе продолжи и во иднина да ги подржува сите проекти кои ќе допринесуваат за подобар и побрз развој на руралните општини , а со тоа ќе се подобри и социјалниот и економскиот стандард на како на жителите на Општините така и за целиот Скопски регион.
[foogallery id=”4837″]

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy