Центарот за развој на Скопски плански регионзаедно со општината Студеничани, продолжи со реконструиција на пристапен пат Долно и Горно Количани кој претставува трета фаза од проектот во должина од 530м. Средствата потребни за реализзација на овој проект во висина од 2.849.650, 00 денари се обезбедени од МЛС/ Биро за регионален развој како и од општината Студеничани, како партнер на проектот. Согласно завршетокот на овој проект, Центарот за развој на Скопски плански регион, има рекуструирано вкупно 2.230м пристапен пат Драчево – Мотел Китка, преку Бирото за регионален развој.
Согласно техничката документација на проектот предвидено е пристапниот пат да се реконструира во фази, со што ќе се заокружи непрекината целина која почнува од Пеленице – населба Драчево, до Спортско рекреативниот центар Мотел Китка.
Спортско рекреативниот центар Китка со своите природни карактеристики изобилува со можности за спорт и рекреација, особено за планинарење и велосипедизам како можност за развој на туризмот. Со изградба на основната инфраструктура ќе се подобрат условите за развој на економијата во оваа општина а со тоа да се подобри и квалитетот на животот на жителите на општина Студеничани.
Центарот за развој на Скопски плански регион ќе продолжи и во иднина да ги подржува сите проекти кои ќе допринесуваат за подобар и побрз развој на руралните општини , а со тоа ќе се подобри и социјалниот и економскиот стандард на како на жителите на Општините така и за целиот Скопски регион.
[foogallery id=”4837″]
No comment yet, add your voice below!