На ден 31.10.2016 година се одржа трет работен состанок на тема:Состојбата на каналските мрежи во Скопскиот плански регион. На состанокот присуствуваа претставници од општините, градот Скопје и релевантните министерства и институции надлежни за каналските мрежи во Скопскиот регион.
На овој состанок од старана на претставникот од АД Водостопанство ‘’Скопско Поле’’ беше презентиран извештајот за состојбата на каналските мрежи и речните корита во Скопскиот регион. Исто така беше формирана комисија која ќе треба да изготви заклучоци и истите да ги достави до Влада на Р.М. со кои ќе бара измени и дополнувања на законската регулатива која го регулира делот за каналските мрежи во Скопскиот регион.
[foogallery id=”4880″]
No comment yet, add your voice below!