Skip to content

Состојбата на каналските мрежи во Скопскиот регион

ДАТУМ

септември 30, 2016

Категории

На ден 27.09.2016 во организација на Центарот за развој на Скопски плански регионсе одржа состанок на темаСостојбата на каналските мрежи во Скопскиот плански регионСостанокот го отвори и со него  раководеше Претседателот на Советот на Скопскиот плански регион, Градоначалникот на општина Ѓорче Петров г-дин Сокол Митровски.
На состанок присуствуваа претставници од : Министерство за животна средина и просторно планирање, Државен испекторат за животна средина при Министерство за животна средина и просторно планирање, преставници од Општините во Скопскиот регион и Градот Скопје, Центарот за управување со кризи – ЦУК, АД. Водостопанство Скопско поле. Се уште постои недоволна јасна надлежност врз каналските мрежи во општините, поради што се појавува проблем во нивното одржување и одредување на критичните точки. Поради тоа дефинирање на критичните точки и места, како и одредување на конкретни мерки за нивно правилно функционирање се од круцијално значење за Скопски плански регион. Централен фокус на дискусијата беше да се дефинираат соодветни заклучоци и препораки за подобрување и унапредување на функционирањето на каналската мрежа во Скопскиот плански регион и справување со проблемите во однос на одржувањето на каналските мрежи во општините. Општ беше заклучокот, претставници на АД Водостопанство Скопско поле да ги посетат општините од Скопскиот регион од каде што ќе приберат информации за каналските мрежи и критичните точки, при што АД Водостопанство Скопско поле ќе изготви Извештај и истиот ќе го презентира на на следниот состанок.
[foogallery id=”4942″]

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy