Почитувани,
Како резултат на долгорочната соработка помеѓу Бизнис Центарот на Скопски плански регион Сојузот на Стопанските комори и општината Аеродром, Ве покануваме да земете учество на Форумот за Кадровски Менаџмент.
На програмата на овој дводневен настан ќе имате можност да проследите презентации од реномирани менаџери и експерти од Човечки ресурси а на актуелни теми од кадровскиот менаџмент, за управувањето со таленти, трендовите на пазарот на трудот, личниот развој на вработениот и коучингот, социјалната интелигенција, справувањето со тешките карактери на работа, како и за реструктурирањето на организацијата, за воведување на систем на награди и унапредување на работните места. Во продолжение на поканата е даден прелиминарен дневен ред со поканетите и потврдени презентери.
11 и 12 Ноември 2015 година, Скопски саем – сала Дипломатик, Скопје со почеток во 12:00 до 15:30 часот.
Ве молиме најкасно до 10 Ноември 2015 пријавете ваш претставник кој би бил присутен на настанот на irina.trostjanska@skopjeregion.gov.mk , marjan.kelemen@aerodrom.gov.mk или info@sojuzkomori.org.mk или пак тел. 3218-480.
No comment yet, add your voice below!