Skip to content

Потребите на старт ап претпријатијата во Македонија

ДАТУМ

октомври 8, 2015

Категории

П О К А Н А
За учество на промотивно информативен настан
На 16 Октомври 2015 година, Скопски саем и х Континентал, Скопје
со почеток во 11:00 до 14.45 часот.

Почитувани, Бизнис Центарот на Скопски плански регион во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој, во склоп на Форумот за иновации и технологии, кој се одржува на ТЕХНОМА 2015, Ве поканува да земете учество на Седмиот промотивно информативен настан за микро , мали и средни претпријатија.
Овој настан е организиран во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој, во склоп на Форумот за иновации и технологии, за кој во исто време Ви упатуваме покана за ваше присуство (линк до програмата тука).
На програмата на овој настан во првиот дел е презентација на Кофинансирани грантови за новоосновани друштва (до 6 години) – старт ап и спин оф. Во вториот дел ќе имате можност да ги проследите едукативниоте презентации Е-commerce за МСП и Подобрување на извозните перформанси на претпријатиетo.
Ве молиме најкасно до 15 Октомври 2015 пријавете ваш претставник кој би бил присутен на настанот на Bc.spr@skopjeregion.gov.mk или тел. 3218-482.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy