Skip to content

Соопштение до јавноста

ДАТУМ

октомври 2, 2015

Категории

На ден 05.10.2015 година ќе се одржи X –та(десетта) седница на Советот за развој на Скопски плански регион во просториите на хотел „Камник“.
На Седницата, koja ќе започне во 11,30 часот, ќе присуствуваат Г-дин Воутер Пломп ,Холандскиот амбасадор во Република Македонија, Г-дин Стево Темелковски, Заменик Министер,во Министерството за животна средина и просторно планирање ,градоначалниците од седумнаесет општини и градоначалникот на Град Скопје Г-дин Коце Трајановски,Делегација од Кралство Холандија, Г-ѓа Ана Каранфилова-Мазневска, МЖСПП; Г-ѓа Билјана Цветановска-Гугоска, Државен секретар во Министерството за локална самоуправа,Г-дин Горан Ангелов, Директор на депонија Дрисла; како и Г-дин Ракип Дочи, Директор, ЈКП Комунална Хигиена.
На Седницата ќе биде потпишан Меморандум за соработка помеѓу Скопски плански регион и регионот „Gooi en Vechtstreek“, Кралство Холандија. Цел на соработката е да се поттикат активностите а зацврстување на меѓусебната соработка при остварување на локалната самоуправа со посебен акцент на регионаниот развој.
Меморандумот ќе биде потпишан од страна на Г-дин Сокол Митровски, Претседат на Советот за развој на Скопски плански регион и Г-ин Фонс Хертог – Градоначалник на градот Хуиз и под-преседател на Gooi en Vechtstreek регионот и член на Генералното Собрание.

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy