На ден 3 јуни 2015 во Скопје беше одржан шестиот советодавен настан за МСП, во организација на Бизнис Центарот ан Скопски Регион. Темата на овој настан беше Маркетинг, брендирање, иновации – Холански програми за поддршка на МСП во Македонија – УСАИД и ЕБОР поддршка за МСП.
И овој настан како и претходните пет беше во насока на развивање поволни услови за работа на бизнис секторот во општините, зголемување на инвестициите и новите вработувања, ефикасност на администрацијата, соодветна инфраструктура и партнерство со индустријата како клучни за подобрување на деловно опкружување.
На настанот пред компаниите се обрати Розалија Карчицка Василевска, проектен Координатор на Бизнис Центарот на Скопски Плански Регион како и г. Митко Алексов, извршен директор на ССК.
Голем дел од присутните преку прашања искажаа интерес за презентација на Холандските програми за поддршка на МСП во Македонија како и кредитните линии за енергетска ефикасност на ЕБОР WEB Seff 2 како и УСАИД финансиската поддршка за иновации во МСП.
Од посебен интерес беше и посебна сесија од едукативен дел за вработените во МСП за маркетинг и брендирање, презентиран од проф. Д-р. Илијана Петровска од Американ Колеџ:
- Како да се создаде вредност за потенцијалниот потрошувач, преку градење препознатлив бренд и преку градење на позитивна и долгорочна профитабилна релација со потрошувачите;
- Маркетинг комуникацијата во современото опкружување треба да биде уникатна, диференцирана и релевантна за целната група;
Од присутните 57 компании, беа поставени огромен број на прашања до презентерите , во делот на актуелните и расположливи кредитни линии, посебните поволности и грантови на линиите за енегетска ефикасност, делот на маркетингот и комуникацијата.
[foogallery id=”5163″]
No comment yet, add your voice below!