Skip to content

Покана за учество на информативен настан

ДАТУМ

јуни 2, 2015

Категории

03 Јуни 2015 година, х Континентал, Скопје со почеток во 11:00 до 15.45 часот – Бизнис Центарот на Скопски Плански Регион Ве поканува  на Шестиот информативен настан на Холандски програми за подршка на МСП во Македонија , презентација на кредитната линија за енергетска ефикасност на ЕБОР WEB Seff 2 , и УСАИД финансиската подршка за иновации во МСП,  како и едукативниот дел за вработените во МСП за маркетинг и брендирање. Како да создадат вредност за потенцијалниот потрошувач, преку градење препознатлив бренд, и преку градење позитивна и долгорочна профитабилна релација со потрошувачите се дел од содржините. Маркетинг комуникацијата во современото опкружување мора да биде уникатна,  диференцирана и релевантна за целната група.
Овој настан се организира од Бизнис Центар за подршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија  во Скопскиот регион (РБЦ-СПР) и е технички и финансиски помогнато од страна на Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обeдинети нации (UNDP).
Овој информативен настан е наменет за слушатели – целна група , микро , мали и средни претпријатија, лоцирани на територијата на Скопски плански регион. Во продолжение на поканата е даден прелиминарен дневен ред како и опис на проектот во чии рамки е формиран Бизнис Центарот.
Ве молиме најкасно до 02. Јуни. 2015  пријавете ваш претставник кој би бил присутен на настанот на  [email protected]  или тел. 3218-482.
Преземете ја програмата тука.

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy