Skip to content

Петти информативен настан – Финансирање за раст на МСП во организација на Бизнис центарот на Скопски плански регион и во соработка со ССК

ДАТУМ

мај 21, 2015

Категории

На ден 20 Мај 2015 во Скопје беше одржан петиот советодавен настан за МСП, во организација на Бизнис Центарот ан Скопски Регион. Темата на овој настан Финансирање за раст на МСП, која е посебно актуелна даде  можност на присутните фирми да се запознаат со актуелните кредити за поддршка кои ги нудат комерцијалните банки, Македонска банка за поддршка на развојот (МБПР), Европска банка за обнова и развој (ЕБОР), Кримсон Капитал фондацијата како и преку останати програми за финансирање на МСП.
Целта на ваквите информативни средби, кои ги организира  Бизнис Центарот е компаниите пред се од Скопскиот плански регион  да се запознаат со условите за кредитирање и поддршка на компаниите кои се на располагање во насока на подобрување на нивната ликвидност – истакна во својот говор Проектниот координатор на Бизнис Центарот на СПР, г-а Розалија К. Василевска. Со овие активности Бизнис центарот на Скопски плански регион а во соработка со ССК, ги проширува својот делокруг на работа и ги доближува потребните советодавни и консултантски услуги до фирмите од регионот.
До присутните се обрати и Извршниот директор на ССК, г. Митко Алексов, кој истакна дека Финансиите се основа за добро функционирање на секој бизнис, без кои не може да се обезбеди нормално работење и да се планира раст. Без финансиска поддршка, односно поддршка од финансискиот сектор не може да функционира стопанството, не само во помалите земји, туку и во најразвиените економии.
Од присутните 40 компании, беа поставени огромен број на прашања до Банките – кои презентира , во делот на актуелните и расположливи кредитни линии, осигурувањата, краткорочните позајмици, факторинот и кредитните лимити. Петте банки ги презентираа своите портфолија и одговараа на поставените прашања од присутните, во делот на двете интерактивни сесии кои беа организирани.
[foogallery id=”5194″]

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy