На ден 20 Мај 2015 во Скопје беше одржан петиот советодавен настан за МСП, во организација на Бизнис Центарот ан Скопски Регион. Темата на овој настан Финансирање за раст на МСП, која е посебно актуелна даде можност на присутните фирми да се запознаат со актуелните кредити за поддршка кои ги нудат комерцијалните банки, Македонска банка за поддршка на развојот (МБПР), Европска банка за обнова и развој (ЕБОР), Кримсон Капитал фондацијата како и преку останати програми за финансирање на МСП.
Целта на ваквите информативни средби, кои ги организира Бизнис Центарот е компаниите пред се од Скопскиот плански регион да се запознаат со условите за кредитирање и поддршка на компаниите кои се на располагање во насока на подобрување на нивната ликвидност – истакна во својот говор Проектниот координатор на Бизнис Центарот на СПР, г-а Розалија К. Василевска. Со овие активности Бизнис центарот на Скопски плански регион а во соработка со ССК, ги проширува својот делокруг на работа и ги доближува потребните советодавни и консултантски услуги до фирмите од регионот.
До присутните се обрати и Извршниот директор на ССК, г. Митко Алексов, кој истакна дека Финансиите се основа за добро функционирање на секој бизнис, без кои не може да се обезбеди нормално работење и да се планира раст. Без финансиска поддршка, односно поддршка од финансискиот сектор не може да функционира стопанството, не само во помалите земји, туку и во најразвиените економии.
Од присутните 40 компании, беа поставени огромен број на прашања до Банките – кои презентира , во делот на актуелните и расположливи кредитни линии, осигурувањата, краткорочните позајмици, факторинот и кредитните лимити. Петте банки ги презентираа своите портфолија и одговараа на поставените прашања од присутните, во делот на двете интерактивни сесии кои беа организирани.
[foogallery id=”5194″]
No comment yet, add your voice below!