Skip to content

Програма за развој на СПР

ДАТУМ

април 25, 2015

Категории

За потребите на планирањето на регионален развој и имплементацијата на мерките и инструментите за поттикнување на рамномерниот регионален развој, воспоставени се плански региони во Република Македонија. Планските региони се единиците на НТЕС трето ниво утврдени со акт на Владата на Р. Македонија за утврдување на номенклатурата на територијалните единици за статистика – НТЕС.

Програмата за регионален развој на Скопскиот плански регион претставува основен развоен документ на регионално ниво за периодот од  2009 до 2014 година. Таа ја дефинира моменталната состојба на регионот, стратешките правци за развој и предлага мерки за утврдување и надминување на постоечките услови. Програмата е подготвена во периодот јуни-август 2009 година, водена од страна на Советот и Центарот за развој на Скопскиот плански регион во партнерство со повеќе од 140 претставници од општините од регионот, Министерството за локална самоуправа, експерти и УСАИД.

Програмата за развој на регионот е усвоена од страна на Советот за развој на Скопскиот плански регион (декември, 2009) по претходна согласност од страна на Советот за рамномерен регионален развој на Република Македонија. 

 

Програма за развој на Скопски Плански Регион

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy