На ден 21 март 2015 во Скопје беше одржан третиот информативен и советодавен настан за МСП, во организација на Бизнис Центарот ан Скопски Регион и Сојуз на Стопански Комори на Македонија на тема Енергетска Ефикасност во градежништвото – Зелени градби. На настанот присуствуваа повеќе од 50 фирми, претставници од агенции и министерства како и општини.
Раководителот на Центрот за развој на СПР, г-ѓа Анета Л. Раввлинсон, го отвори овој настан и се обрати на присутните истакнувајки дека Концептот на Зелена градба е од огромно значење не само за конкурентноста на градежниот сектор туку и за секој граѓанин на Македонија, бидејќи значително ја подобрува кавалитетот на живот, влијае врз подобрувањето на сигурноста и здравјето на човекот како и на животната средина.
На настанот се обрати и Државниот секретар на Министерството за локална самоуправа г-ѓа Билјана Цветановска Гугоска, која ја истакна важноста на проектот за Бизнис Центар во чии рамки се одржува овој настан како дел од Владината програма за подршка на регионалниот развој. Свои обраќања имаа исто така и Заменик министерот за Животна средина , г-дин Стево Темелковски, Извршниот директор на Сојузот на стопански комори на Македонија , г-дин Митко Алексов и заменик Претседателот на Македонскиот Совет за зелени градби Сеад Кочан.
Во рамките на проектот за Формирање на Бизнис Центар во Скопскиот регион , неодамна беше потпишан и Меморандум за соработка помеѓу Центарот за развоја на СПР и Сојузот на стопански комори на Македонија , со цел подигање на нивото на квалитет на понудените советодавни услуги за МСП, заедничкото планирање на семинари, трибини, форуми, како и институционално партнерство за проектно аплицирање.
[foogallery id=”5221″]
No comment yet, add your voice below!