Skip to content

Започна процесот за подготовка на Програмите за развој на планските региони 2015-2019 година

ДАТУМ

септември 1, 2014

Категории

Министерството за локална самоуправа со подршка на ГИЗ РЕД Програмата за Р. Македонија започна со процесот на подготовка на Програмите за развој на планските региони 2015-2019 година.
Првата работилница за ревизија  и подготовка на Програмите на планските региони се одржа на 19 август 2014 година , во Скопје на која присуствуваа раководителите на 8-те (осум) Центри за развој на планските региони во Р.Македонија и вработените во Центрите одговорни да го координираат процесот на ревизија/подготовка  на Програмите , претставници од Министерството за локална самоуправа, Бирото за регионален развој, ГИЗ РЕД Програмата и назначените експерти вклучени во процесот на изработка.
Ревизијата на Програмите ќе се спроведува согласно  Законот за рамномерен регионален развој (сл.весник: 63/07,187/13), Правилникот за методологија за изработка на планските документи за регионален развој (сл.весник:102/09) и Стратегијата за регионален развој на Република Македонија 2009-2019 година (сл.весник 119/09) и ревизијата на Стратегијата.
На работилницата беа дадени:

  • Насоки за подготовка на Програмите за развој на планските региони 2015-2019 година,
  • Информација за процесот на ревизија на Стратегијата за Регионален Развој на Република Македонија 2009 – 2019 година,
  • Цели што треба да се постигнат во процесот на ревизија/подготовка на Програмите за развој на планските региони 2015 – 2019 година,
  • Преглед на процесот за ревизија/ подготовка на Програмите за развој на планските региони 2015 – 2019 година
  • Планирање на распоредот (одделно за секој регион)
  • Улоги и одговорности на вклучените страни
  • Завршна дискусија
  • Заклучоци
  • Следни чекори

Во Програмите за развој на планските региони се определуваат:

  • Цели за развој на планскиот регион,
  • Мерки и инструменти за поттикнување развој на планскиот регион,
  • Мерки и инструменти за поттикнување развој на подрачја со специфични развојни потреби
  • Финансиски извори, временска рамка и индикатори за спроведување на мерките за поттикнување развој на планскиот регион,

Во Програмата се дефинираат приоритетите за развој на регионот и подрачјата со специфични развојни потреби и истата претставува основа за подготовка на плановите на единиците на локалната самоуправа во сверата на нивниот економски, социјален,урбанистички, еколошки, културен и друг развој.

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy