Skip to content

Саем на Региони од Југоисточна Европа

ДАТУМ

јуни 13, 2012

Категории

Од 7 до 9 јуни во Радовиш се одржа првиот саем на региони во југоисточна Европа, Радовиш Експо 2012.Саемот го отвори градоначалникот на општина Радовиш г-дин др. Роберт Велков.
Во Радовиш присуствуваа преставници од осум плански региони, како и преставници од други замји.Покрај штандовското преставување, во првите два дена, на 7 и на 8 јуни, од тридневната саемска манифестација се одржаа и повеќе форуми –  Културна соработка и туризам, Земјоделство и рурален развој, Животна средина и енергетска ефикасност и Регионални политики и прекугранична соработка, области во кои регионите од ЈИЕ имаат посебен интерес за соработка.
На 36м2 штанд Центарот за развој на Скопки плански регион ги преставуваше општините од Скопскиот регион (17општини +Град Скопје).Присутни преставници освен од Ценатарот беа и од општините: Гази Баба,Кисела Вода,Карпош и од Град Скопје. Целта на овој настан беше да ги собере на едно место сите релевантни преставници на регионите од Југоисточна Европа како и регионалните власти, локалните власти, дипломатскиот кор, компании, грѓански здруженија, меѓународни организации и други почитувани гости заради презентирање на нивните исклучителни остварувања и достигнувања во делокругот на нивното работење.
На 9 јуни, саемот го затвори заменик Министер г-дин Сашо Лазаровски од Министерство за локална самоуправа.
[foogallery id=”5489″]

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy