Skip to content

XVII Седница на Советот за развој на Скопскиот плански регион

На ден 31.05.2012год  во 11:00 часот  се одржи XVII седница на Советот за развој на Скопски плански регион во хотел Континентал. Со седницата раководеше Претседателот на Советот на Скопски плански регион г-дин Сокол Митровски.На седницата присуствуваа  г-дин Сашо Лазаровски, Заменик Министер за локална самоуправа на Р.М, г-дин Сашо Стефаноски, Државен Секретар во Министерство за локална самоуправа на Р.М,  г-ѓа Маја Милошеска, Агенција за странси инвестиции и г-ѓа Светлана Петровска од Таргет Коминикации.
Претседателот на Советот на самиот почеток ги поздрави присутните Градоначалници и присутните соработници и им се заблогодари на нивното присуство. Потоа г-ѓа Светлана Петровска го презентираше изработениот проект ,,Студија за мапирање на инвестициските потенцијали во Скопскиот плански регион”.
Раководителот на ЦРСПР г-ѓа Анета Лозаноска го презентираше Извештајот за имплементираност на Програмата во 2011 година, Акциониот план за имплементација на програмата во 2012 година и Финансискиот извештај на Центарот за 2011 година.
Раководителот на ЦРСПР г-ѓа Анета Лозаноска ги информираше присутните за учество на прв саем на Регионите од Југоисточна Европа (Радовиш Експо 2012година).
 

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy