Делегација составена од околу 26 претставници од Р. Албанија го посетија Центарот за развој на Скопскиот плански регион на 12.10.2011 година. На работната средба учествуваа претседатели на 4 региони (Елбасан, Берат, Дибра и Кукес) од Р. Албанија, градоначалници, вработени во Канцелариите за регионален развој, претставници од УНДП/Албанија, како и вработените од Центарот за развој на Скопскиот плански регион, Претседателот на Советот за развој на Скопски плански регион г-дин Сокол Митровски, градоначалник на општина Ѓорче Петров и г-дин Бастри Бајрами, градоначалникот на општина Арачиново.
Целта на посетата беше запознавање со функциите на институциите кои се одговорни за Регионалниот развој во Р. Македонија, како и размена на искуство во областа на спроведувањето на регионалната политика и имплементирањето на Програмата за развој на планскиот регион.
Студиската посета на делегацијата од Р. Албанија беше организирана од страна на УНДП/Албанија.
[foogallery id=”5735″]
No comment yet, add your voice below!