Целта на проектот е подобрување на работењето на јавната администрација, преку едукација на кадрите за употреба на ИКТ решенија, со цел побрза и поквалитетна услуга. Преку ИКТ обуката, раководителите и вработените во државната служба ќе бидат постручни, поконкурентни и опремени со вештини кои се потребни за придонесување кон зголемување на квалитетот и подобрување на продуктивноста. Програмата е во согланост со потребите на државната служба и со намерата да се намали “јазот на ИКТ употребата” за да се зголеми ефикасноста на вработените.
Првата фаза опфаќа успешно следење на курсот iExec, кој е развиен од CISCO, од страна на вработените и советниците на три општини од Град Скопје: Општина Кисела Вода, Општина Карпош и Општина Центар. Вкупно 38 учесници од општинската администрација ќе имаат корист од посетата на програмата.
Втората фаза опфаќа изработка на бизнис студија која ќе претставува реално ИКТ решение за самата општина, при што најдобрите две решенија ќе бидат наградени со 1.500 долари кои ќе бидат искористени за имплементација. Тие ќе овозможат побрзо и поефикасно работење на општините, што ќе води до подобра комуникација меѓу јавниот и приватниот сектор, а воедно ќе придонесе за приближување на земјата кон европските и светските практики.
Со оглед на фактот дека информационо комуникациската технологија навлегува во секој аспект на социјалниот и бизнис светот, државните служби се наоѓаат пред предизвикот за намалување на бирократијата и стекнување на поголема транспарентност при нивното работење.
Проектот започна во април 2011 и ќе трае заклучно до ноември истата година, со што дотогаш се очекува да бидат целосно имплементирани наградените решенија.
Согласно Програмата на Скопскиот плански регион, ПСМ фондација делува во областа на поттикнување на претприемачкиот дух и поддршка на младите луѓе во нивната идеја да започнат свој бизнис поврзан со информационо комукациските технологии. Крајната цел е подобрување на економската ситуација во земјата, намалување на стапката на невработеност како и развој на информатичкото општество.
Имплементатор на проектот на ПСМ Фондацијата, а е во соработка со Центарот за развој на Скопскиот плански регион.
No comment yet, add your voice below!