Соработката помеѓу двете институции ќе се темели на следните принципи: посветеност, отвореност, точност и исполнителност,непречена комуникација, приоритет на едниот партнер во изборот на партнери при реализација на поставените цели во рамките на приоритетните програми за спроведување од страна на двете институции како и на основните принципи на работа на двете институции.
Соработката ќе се реализира преку активно вклучување на Хуманополис-Фондација за едукација и развој во реализицијата на наведените стратешки области, со испорака на услуги, предлози, идеи, обуки за стручно и интензивно образование за препознавање, подготовка, апликација, имплементација и евалуација на потребни проектни предлози и идеи за аплицирање и искористување на ЕУ фондовите,организирање на настани за промоција на поединечните интереси вклучувајќи ги и можностите за развој на Скопскиот плански регионот како во Република Македонија така и во ЕУ (Р. Словенија), поврзување и формирање стратешки партнерства за клучни проекти на национално, регионално и глобално ниво (особено проекти од претпристапните фондови на ЕУ и особено партнерства со организации и институции од Р. Словенија, како една од водечките земји во искористувањето на ЕУ фондовите), пренос на знаења и искуства во различните области преку екпертиза на професионалци од земјава и странство преку заедничко организирање на предавања, трибини, конференции,обуки, како и практични посети во сродни институции во Р. Словенија.
Двете институции исто така разбираат дека е важно да се соработува и во испорака на други услуги кои ќе доведат до остварување и зацврстување на мотото: Скопскиот регион – лидер во регионалниот развој на патот до Европското семејство.
No comment yet, add your voice below!