Skip to content

Меморандум за соработка помеѓу Македонски Институт за Интеграција и Центар за развој на Скопски плански регион

ДАТУМ

октомври 26, 2010

Категории

Соработката помеѓу двете институции ќе се темели на следните принципи: посветеност, отвореност, точност и исполнителност, непречена комуникација, приоритет на едниот партнер во изборот на партнери при реализација на поставените цели во рамките на приоритетните програми за спроведување од страна на двете институции како и на основните принципи на работа на двете институции.
Согласно заедничкиот фокус предвиден во “Програмата за застапување и претставување на македонските институции, јавни и приватни организации во Република Македонија и во Брисел” како и во “Програмата за регионален развој на Скопскиот плански регион” кои се прилог на овој Меморандум, двете институции се согласуваат за отпочнување на соработка во делот на реализацијата на стратешките правци за развој на Скопскиот плански регион наведени во осумте стратешки области:

  1. Инфраструктура, транспорт, комунална хигиена, енергија;
  2. Заштита на животна средина;
  3. Kористење на средства од Европските фондови и програми;
  4. Економија, мали и средни претпријатија (МСП), индустрија, иновации;
  5. Човечки ресурси-едукација, доживотно учење, здравство и социјална заштита;
  6. Земјоделство и рурален развој;
  7. Туризам, искористување на природните ресурси и зачувување на културно-историските вредности во Скопскиот регион;
  8. Урбанизам и просторно планирање.

Соработката ќе се реализира преку активно вклучување на Македонскиот Институт за Интеграција во реализицијата на наведините стратешки области, со испорака на услуги, предлози, идеи, обуки за стручно и интензивно образование за препознавање, подготовка, апликација, имплементација и евалуација на потребни проектни предлози и идеи за аплицирање и искористување на фондови во „арената на ЕУ финансирање“, организирање на настани за промоција на поединечните интереси вклучувајќи ги и можностите за развој на Скопскиот плански регионот како во Република Македонија така и во ЕУ (Брисел), воспоставување на линк помеѓу Регионот и неговите идни потенцијални партнери со заеднички интереси, обезбедување на потребен мониторинг на општи и специфични навремени информации, консултации за македонски работи, можности за изработка на студии, платформа за публикации, брендирање на името на Регионот како и заедничко организирање на конференции, трибини, практични посети во сродни институции во Брисел.

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy