Центарот за развој на Скопскиот плански регион е формиран според Законот за рамномерен регионален развој во Мај 2009 година.

Скопскиот плански регион зафаќа вкупна површина од 1812 км2 или 7% од територијата на Република Македонија. Овој регион опфаќа 17 општини и Градот Скопје како посебна единица на локалната самоуправа, односно 10 урбани општини кои се дел од градот Скопје и 7 рурални.

Неговата основна задача е јакнење на капацитетот на мрежите во локалната и руралната заедница, бизнис секторот, стимулирање на развојот на локално и регионално ниво, јакнење на принципот на jавно приватно партнерство и делување во насока на подигање на квалитетот на живеење.

Центарот за развој на скопскиот плански регион ги врши следните работи:

  • Изготвува предлог-програмата за развој на планскиот регион;
  • Изготвува предлог-акционен план за имплементација на Програмата за развој на планскиот регион;
  • Подготвува предлог-проекти за развој на планскиот регион и за подрачјата со специфични развојни потреби;
  • Координира активностите поврзани со имплементацијата на Програмата за развој на планскиот регион и ги реализира проектите за развој на планскиот регион;
  • Обезбедува информации до заинтересираните страни за текот на реализацијата на Програмата за развој на планскиот регион и други прашања поврзани со регионалниот развој;
  • Обезбедува стручна и техничка помош за единиците на локалната самоуправа при подготовката на нивните програми за развој;
  • Обезбедува стручни услуги на здруженија на граѓани и други заинтересирани страни за подготовка на проекти од областа на регионалниот развој;
  • Поттикнување меѓу-општинската соработка во рамките на планскиот развој;
  • Спроведува проекти за поттикнување на развојот на планскиот регион, финансирани од фондовите на Европската унија и други меѓународни извори;
  • Врши промоција на развојните можности на планскиот регион и
  • Врши стручни и административно-технички работи за потребите на советот за развој на планскиот регион.

Совет за развој на СПР

Советoт за развој на планскиот регион се формира за секој  регион посебно.

Членови на Советот за развој на Скопскиот плански регион се Градоначалниците  на Единиците на локална самоуправа во состав на регионот и Градот Скопје.

Со Советот раководи Претседателот, кој се избира од редот на Градоначалниците, со мандат од 2 (две) години.

Општини во Скопскиот плански регион:

Град СкопјеАеродромБутел
Гази БабаЃорче ПетровКарпош
Кисела ВодаСарајЦентар
ЧаирШуто ОризариАрачиново
ЗелениковоИлинденПетровец
СопиштеСтуденичаниЧучер Сандево

Советот за развој на Скопскиот плански регион ги врши следните функции:

  • Ги организира и координира активностите за следење и оценување на спроведувањето на планските документи за регионален развој;
  • Донесува Програма за развој на планскиот регион, по претходна согласност од Советот за рамномерен регионален развој;
  • Донесува годишен акционен план за спроведување на Програмата за разој на планскиот регион;
  • Утврдува годишна листа на предлог-проекти за равој на планскиот регион;
  • Доставува предлози до Бирото за регионален развој за идентификување на подрачјата со специфични развојни потреби во рамки на  планскиот регион, согласно со критериумите од членот 7 на овој закон;
  • Обезбедува координација на активностите на единиците на локалната самоуправа, здруженијата на граѓани, државните агенции и институции во рамките на регионот кои дејствуваат во областа на регионалниот развој;
  • Иницира разгледување на прашања поврзани со регионалниот развој за кои е неопходна координација меѓу единиците на локалната самоуправа и партнери од приватниот и граѓанскиот сектор;
  • Ја промовира прекуграничната соработка со региони од други земји врз  основа на заедничките интереси;
  • Врши и други работи од областа на регионалниот развој утврдени со закон;
  • Советот за развој на планскиот регион усвојува годишен извештај за спроведување на Програмата за развој на планскиот регион.

Органограм

Одлука за организација: Превземи тука

Тим

user

М-р Љупчо – Кец Мицковски

Раководител на Центарот за развој на Скопски плански регион
user

Розета Арсовска

Координатор за регионален развој
user

Ирина Тростјанска

Советник за административно-технички работи
user

Даниелa Андоновска

Раководител на одделение за нормативно-правни и финансиски пеашања и други стручно административни и општи работи
user

Озан Адемовски

Координатор за регионален развој
user

Викторија Митрикеска

Координатор за одржлив развој и поддршка на приватен сектор
user

Сирма Илијоска Трифуновска

Раководител на одделение за стратешки, развојни и стручно технички прашања
user

Регинa Икономовска

Координатор за туризам, спорт, култура и други општествени дејности

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

Comments are closed for this article!