Премиерот Димитар Ковачевски во посета на Центарот за развој на Скопски плански регион

Премиерот Димитар Ковачевски во посета на Центарот за развој на Скопски плански регион, каде што беше пречекан од Раководителот Љупчо Кец Мицковски и вработените во центарот. Средбата овозможи  кусо запознавање со предизвиците во Скопскиот регион.

Одобрени 30.567.000,00 денари за развој на скопскиот регион

Центарот за развој на Скопски плански регион, во рамките на програмата за рамномерен регионален развој (2021-2022) на Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој обезбеди 30.567.000,00 денари за спроведување на проекти во 6 општини од Скопскиот регион и тоа:

  • Изработка на проектна документација за кејско уредување на брегот на Маркова река, како и уредување на коритото на реката во должина од 10 км. во Општина Кисела Вода
  • Поддршка на образовниот процес и стимулирање на дигиталните вештини на учениците во Основните училишта во Општина Аеродром, Општина Карпош и Општина Кисела Вода
  • Отворање на Центар за работа со талентирани ученици од основните училишта на Општина Центар, Општина Кисела Вода и Општина Карпош, во Општина Центар
  • Изградба на Дневен центар за лица со интелектуалнаи телесна попреченост, Општина Гази Баба
  • Мапирање на рекреативна велосипедска и пешачка патека со поставување на вертикална сигнализација-с.Кучково, Општина Ѓорче Петров
  • Рехабилитација на дел од улица “Александар Урдаревски” во КО Горно и Долно Оризари, во Општина Шуто Оризари.

Реализацијата на проектите ќе се одвива во текот на 2022 година.

Покана за состанок

Покана за состанок до здруженијата кои се пријавиле на Јавниот повик за избор на член – претставник од здруженијата во Советот за развој на Скопски плански регион.

Состанокот ќе се одржи на 10.01.2022, со почеток во 12.00 часот, во просториите на Центар за развој на Скопски плански регион на адреса: ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, кат 1 Стопанска комора Скопје.

Преземете го документот на следниот Покана за состанок на следниот линк.

Одржана втората седница на Совет за развој на Скопски плански регион

Во просториите на Општина Гази Баба, на ден 28.12.2021 година, се одржа втората по ред седница на Совет за развој на Скопски плански регион. Од позначајните точки кои беа усвоени беше усвоен Финансискиот план за 2022 година на Центар за развој на Скопски плански регион, кој детално беше презентиран од страна на раководителот на ЦРСПР, Г-дин Љупчо Кец Мицковски.

Завршен проектот ,,Изградба на пешачка патека во с. Петровец, траса по пат Р1102

Јавен повик за избор на член во Советот за развој на Скопски плански регион – претставник од здруженијата, со мандат од 4 (четири) години

Врз основа на член 21 став 7 – 15  од Законот за рамномерен регионален развој („Службен весник на РСМ“ бр.24/21 и 174/21), член 2 став 1 алинеа 18 и член 6 и член 7 став 1 од Деловникот за работа на Советот за развој на Скопски плански регион бр.02-86/4 од 16.06.2021 год, Советот за развој на Скопски плански регион распишува: Јавен повик за избор на член во Советот за развој на Скопски плански регион – претставник од здруженијата, со мандат од 4 (четири) години Основни критериуми за избор на член – претставник од здруженијата во Советот за развој на Скопски плански регион се:
  • правните лица, апликанти да бидат регистрирани најмалку две години, со седиште и делување на подрачјето на општина во состав на планскиот регион,
  • правните лица, апликанти согласно со Статутот на организацијата да делуваат во областа на локалниот и на регионалниот развој и
  • правните лица, апликанти да имаат имплементирано најмалку два проекти од областа на локалниот и регионалниот развој.
Членот – претставник од здруженијата во Советот за развој на Скопски регион се избира со мандат од 4 (четири) години и нема право на глас. Рок за пријавување: Јавниот повик е отворен до 24.12.2021 година. Заинтересираните правни лица / апликанти да достават документи со кои ќе докажат дека ги исполнуваат критериумите за избор наведени во Јавниот повик и тоа задолжително:
  • Пријава по Јавниот повик во која се наведени податоци за правното лице / апликант (полн назив и контакт податоци) и контакт податоци за овластеното лице, со потпис на овластено лице и печат на правното лице, во оригинал;
  • Тековна состојба од Централен регистар не постара од 6 месеци сметано од крајниот рок за аплицирање по јавниот повик наназад, во оригинал;
  • Статут на организацијата, во фотокопија;
  • Потврди/препораки со кои се докажува дека правните лица – апликанти имаат имплементирано најмалку два проекти од областа на локалниот и регионалниот развој, во фотокопија.
Пријавите по Јавниот повик со потребните документи да се достават до Архивата на Центар за развој на Скопски плански регион, на адреса ул.„Димитрие Чуповски“ бр.13 први кат Стопанска комора, 1000 Скопје, со назнака: „Пријава по Јавен повик за избор на член во Советот за развој на Скопски плански регион – претставник од здруженијата“. Пријавите испратени по електронска пошта или факс нема да бидат земени во предвид. Нецелосната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана. Лице за контакт за јавниот повик: Даниела Андоновска тел:02/3244033;. Врз основа на јавниот повик, комисија за спроведување на Јавниот повик ги разгледува доставените пријави и составува листа на здруженија кои ги исполнуваат критериумите од огласот. Пријавените кандидати кои ги исполнуваат критериумите од јавниот повик, со мнозинство гласови одлучуваат кој од нив ќе ги претставува во Советот за развој на Скопски плански регион, на состанок организиран од претседателот на комисијата за спроведување на јавниот повик во рок од 15 дена од денот на завршување на јавниот повик. Претседателот на комисијата за спроведување на јавниот повик упатува официјална покана до здруженијата кои се пријавиле на јавниот повик. Поканата се објавува на веб-страницата на Центарот за развој на Скопски плански регион (www.skopjeregion.gov.mk) најмалку три дена пред датумот на одржување на состанокот.   Совет за развој на Скопски плански регион, Претседател, Бобан Стефковски

Конститутивна Седница на Совет за социјална заштита на Скопски плански регион

Центарот за развој на Скопски планбски регион свечано одржа Конститутивна Седница на Совет за социјална заштита на Скопски плански регион.

Присуство земаа градоначалниците членови на Совет за развој на Скопски плански регион, министерот на локлана самоуправа Г-дин Горан Милевски, претставници од проектната канцеларија за Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој кофинансиран од страна на Влада на Швајцарска Конфедерација и Министерство за локална самоуправа и Директорот на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа, Г-ѓа Наташа Станојевиќ.

Присутните имаа можност да проследат куса презентација во врска со проектот.

Седницата се одвиваше по предлог точките од дневниот ред и едногласно од страна на присутните градоначалници беше избран  градоначалникот на општина Илинден, Г-дин Александар Георгиевски за Претседател на Совет за социјална заштита на Скопски плански регион.

Честитки за новиот Претседател на Совет за социјална заштита на Скопски плански регион г-дин Георгиевски, со надеж за добра и успешна соработка во периодот кој ни претстои.

Свеченост и сертификати по повод обуката: „Генерален менаџмент за регионален развој и планирање“

На ден 14.12.2021 свечено се затвори едномесечната обука на тема: GENERAL MANAGEMENT FOR REGIONAL DEVELOPMENT AND PLANING (201902184- J001), реализирана од Јапонската Агенција за Меѓународна соработка – JICA, на која како пртиципиент од Р.С. Македонија присуствуваше директорот на Центарот за развој на Скопски плански регион, Љупчо Кец Мицковски. Обуката која беше дизајнирана да биде спроведена on –line, помина со најдобри коментари и честитки за посветеноста, восприемањето на материјалот и неговата интеграција во идните стратегии кои се однесуваат на развојот на регионот. На свечената завршница, сите учесниции земаа збор, а номинираните кандидати добија сертификати кои имаат исклучителна вредност во квалификациите на експертите кои ја посетија обуката. ЦРСПР, предводен од директорот Мицковски, уште еднаш покажа доследност и интерес кон просперитетот и јакнењето на управувачкиот капацитет преку нови здобиени знаења, превземени од Јапонија која важи за лидер во развојните политики. Плановите на центарот се да ја дисеминира и интегрира едукативната програма, во квалитетни и корисни проекти.

Галерија

Јавен повик за работодавачи кои имаат потреба од практиканти за обука, изведување работни задачи и стекнување искуство

Институција која огласува: Младински Ресурсен Центар iCan во соработка со Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во рамки на проектот – Креирање можности за работа за сите – Главна фаза, финансиран преку Програмата на Швајцарска агенција за развој и соработка (СДЦ).
Рок на пријавување: тековно, до искористување на постоечките средства

Јавниот повик се објавува во рамки на проектот и во координација со Агенцијата за вработување на Републица Северна Македонија за имплементирање на мерката 5. Практикантство од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2021 година, усвоен од Владата на Република Северна Македонија.

ЈАВЕН ПОВИК
до заинтересирани работодавачи за вклучување во мерката Практикантство

Се повикуваат работодавачите кои се заинтересирани за вклучување во мерката Практикантство, да се пријават на јавниот повик и изразат интерес за учество. Мерката се однесува на ангажирање практиканти за обука, изведување работни задачи и стекнување искуство во период од 3 (три) месеци. Истата има за цел стекнување искуство и остручување на работно место како резултат на учење низ работа. Работодавачот е должен да назначи за кое работно место односно за каков вид работа го пријавува практикантот.
Право на учество имаат работодавачи кои:

  • се од приватен и од граѓански сектор;
  • кои имаат најмалку едно вработено лице на неопределено време, најмалку 6 месеци пред аплицирањето, со исклучок на граѓанските организации и работодавачите кои ќе ангажираат жени од ромската етничка заедница како практиканти;
  • ги имаат подмирено сите обврски врз основа на исплатени плати и придонеси од задолжително социјално осигурување.

Пријавувањето е предвидено по принципот прв пријавен прв услужен до искористување на расположливите средства, водејќи сметка за принципот на рамномерна распределеност од сите плански региони на Република Северна Македонија.
Практикантите се избираат од евиденцијата на невработени лица, активни баратели на работа во соработка со Агенцијата за вработување, на возраст до 34 години со минимум завршено средно образование и кои немаат работно искуство согласно образованието. Доколку работодавачот има на располагање вакво лице/а, истиот е слободен самиот да го одбере. Во спротивно агенцијата ќе посредува со пребарување од евиденцијата на невработени лица за да одговори на искажаните потреби на работодавачот.

За секој кандидат кој ќе биде избран и вклучен во мерката Практикантство, се предвидува финансиска поддршка во износ од 9.000,00 денари месечно (со вклучено осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест и данок на личен доход), за периодот за кој се извршува практичната обука. Надоместокот ќе се префрли на сметката на практикантот по истекување на тековниот месец од периодот на договорот, намалена за сметка на законски потребните одбитоци.

Условите, правата и обврските ќе бидат уредени со склучување на договор со работодавачите и со невработените лица – практиканти. Еден од условите кои работодавачот мора да ги исполни е и назначување на соодветен ментор за лицето практикант, како и поднесување на план за работа на практикантот, кои ќе се достават дополнително по одобрувањето на пријавата за практикантство.

Заинтересираните работодавачи својот интерес за учество можат да го пријават тука.

Младинскиот Ресурсен Центар iCan и центрите за вработување на АВРСМ го задржуваат правото за проверка на соодветните докази за присутност на практикантот на работното место во текот на практикантската работа.

Детални информации можат да се добијат на контакт телефон: 076 884 000, достапен секој работен ден од 8 до 16 часот.

Повеќе детали на следниот линк: https://www.mk.undp.org/content/north-macedonia/en/home/presscenter/pressreleases/javen-povik-rabotodavci-praktikanstvo.html

Директорот на Центар за развој на Скопски плански регион дел од Конференција на тема: „Превенција или реакција: улогата на општините при намалување на ризици од несреќи и катастрофи“

Директорот на Центар за развој на Скопски плански регион Г-дин Љупчо Кец Мицковски, денес присуствуваше на Конференција на тема: „Превенција или реакција: улогата на општините при намалување на ризици од несреќи и катастрофи“ која се одржа во хотелот Мериот во организација на Институт за демократија во рамките на проектот „Подобрен капацитет за управување со кризи на општините во Северна Македонија“ кој се спроведува со поддршка од Обединетото Кралство, преку Британската Амбасада во Скопје. На конференцијата воведни обраќања имаa: Г-ѓа Ивана Најдоска, Програмски директор на Институт за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје, Г-дин Ендру Бренд, Раководител на програма во Британската Амбасада во Скопје, Г-ѓа Рејчел Галовеј, Амбасадорка на Обединетото Кралство во Република Северна Македонија, како и Миша Поповиќ, Раководител на Центарот за добро управување при Институт за демократија. Проектот цели кон зајакнување на стратешкото управување со кризи во осум избрани општини, и прикажување на процесот на развој на локални стратешки планови за намалување на ризици од несреќи и катастрофи.

Центарот за развој на Скопски плански регион дел од фокус групата на тема: „Oбновливи извори на енергија“

Центарот за развој на Скопски плански регион предводен од страна на директорот Г-дин Љупчо Кец Мицковски,  денес беше дел од спроведување на онлајн фокус групата во организација на Агенцијата за истажување на јавното мислење М-Проспект, ангажирана од страна на Еко-свест кој во соработка со МАНУ спроведува проект финансиран од “The Nature Conservancy (TNC)”, на тема: „Oбновливи извори на енергија“. Целта на проектот е добивање на подобра слика за можностите на нашата држава за искористување на потенцијалните извори на обновлива енергија, без притоа истото да ја наруши животната средина, односно да се најдат решенија за искористување на потенцијалните извори на обновлива енергија со мал импакт врз животната средина.