Skip to content

Одржана XIX (деветнаесетта) седница на Советот за развој на Скопски плански регион

ДАТУМ

ноември 26, 2020

Категории

На ден 24.11.2020 година, со почеток во 11.00 часот поради моменталната состоја со КОВИД 19, онлајн се одржа XIX (деветнаесетта) по ред  седница на Советот за развој на Скопски плански регион.
Седницата се одвиваше согласно точките од дневниот ред:

  1. Усвојување на записникот од XVIII (осумнаесетта) седница на Советот за развој на Скопски плански регион
  2. Презентација на Концепт решенија за предлог проекти, произлезени од Регионалните форуми на заедницата, за финансирање од страна на МЛС и БРР, а во рамките на проектот Одржлив и инклузивен развој – надворешен експерт од Таргет Комуникација
  3. Информација за потпишување на Меморандум за соработка со МАТТО
  4. Предлог-Одлука за преотстапување на објект за проектот “Изградба на потпорни ѕидови и плоча во должина од 100 метри преку делумно уредување и покривање на каналот во село Синѓелиќ, општина Гази Баба I фаза”
  5. Разно.

Во  обраќањето  Претседатеолот на Советот за развој на Скопски плански регион, г-дин Борис  Горгиевски нагласи дека изборот на проектите кои аплицираат за искористување на средства достапни преку програмата за регионален развој на БРР/МЛС, оваа година е подржан и од Швајцарската агенција за развој и соработка, со воведување на Регионални Форуми на заедницата. Наместо досегашниот избор од страна на Своетот на Планскиот регион, оваа година идентификација и приоритизација на проектите се врши преку нова алатка т.е. Регионални форуми на заедницата на кои беа поканети и присуствуваа претставници од  општините, невладините  организации, бизнис заедницата , стопанските комори и граѓанскиот сектор. Главна цел на овој инструмент е зголемено граѓанско учество, но исто така и зајакнување на принципите на добро управување кои се значајни за демократизацијата на планскиот регион.  Исто така идентификацијата и приоритизацијата на Концептните решенија за кои ќе се направат предлог-проекти и со кои ќе се аплицира за средства од МЛС/БРР треба да бидат од регионален карактер и со реални буџетски барања односно во рамките на предвидените вкупни средства на Скопскиот плански регион.
Од страна на професор Светлана Петровска, надворешен експерт од Таргет Комуникации, беше направена целосна презентација на Концепт решенија за предлог проекти, произлезени од Регионалните форуми на заедницата и тоа:

  1. Изработка на катастар на загадувачи
  2. Реконструкција на канал за наводнување с.Орман-Ѓорче Петров
  3. Изработка на фекална канализациона мрежа с.Орман-Ѓорче Петров
  4. Мапирање на велосипедска и пешачка патека со поставување на вертикална сигнализација – Кучково,Ѓорче Петров
  5. Изработка на техничка документација за кејско уредување на брегот на Маркова река, како и уредување на коритото во должина од 10 км -Kисела Вода
  6. Дневен центар за лица со интелектуална и телесна попреченост- Гази Баба
  7. Интервентно сместување ан деца и возрасни со попреченост – ЈУ Завод за рехабилитација
  8. Основен проект за реконструкција на ОУ С.Кучково – Ѓорче Петров
  9. Отварање на работилница за работна интеграција за социјална инклузија и олеснет пристап до пазар на труд на социјално ранливи групи на граѓани -Црвен Крст на град Скопје и општина Карпош
  10. Центар за работа со талентирани ученици од основните училишта во Општините Центар, Кисела Вода и Карпош
  11. Рехабилитација на дел од улица Александар урдаревски во КО Горно и Долно Оризари – Шуто Оризари
  12. Поддршка на образовниот процес и стимулирање на дигиталните вештини на учениците во основните училишта во општините Аеродром, Карпош и Кисела Вода
  13. Изработка на физибилити студија за повеќенаменски хидросистем Кадина Река – Гумалево, Зелениково

Истите беа разгледани и дискутирани од страна на присутните градоначалници, членови на Советот за развој на Скопски плански регион.
[foogallery id=”7725″]

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy