Центарот за развој на Скопски плански регион во рамките на проектот “Иновативни решенија за подобар пристап до услугите на локално ниво ” на Министерството за локална самоуправа, спроведуван од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) на 12.10.2017 год. во просториите на х.Континентал организираше работилница за идентификување на регистар на потенцијали за рурален туризам во Скопски плански регион. Целта на работилницата беше да се презентираат податоците од истражувањето на потенцијали како евидентна листа за локална туристичка понуда во Скопскиот плански регион. Присутните гости ги поздрави Раководителот на Скопскиот плански регион г-ѓа Розета Арсовска при што ја истакна целта и значењето на проектот како можност за идентификување на потенцијали особено значајни за руралниот туризам во Скопскиот плански регион. Концептот за проектот и целите на активноста ги презентираше проф.Д-р. Сашо Коруноски, национален експерт за туризам на УНДП. Истражувањето во Скопскиот плански регион и образложение на матрицата со податоци како цел за развој на регистарот за потенцијали за рурален туризам, беа презентирани од професорите Д-р Науме Мариноски и Д-р Иванка Несторовска.
Евидентираните податоци од областите на: животната средина, население, економска активност, производство и услуги, пристап, транспорт и патувања, култура, културни активности, спорт и рекреација, сместување и ресторани, посетеност на туристи и туристичка потрошувачка како и конкуренцијата во опкружувањето, беа дискутирани со присутните со можност да дадат нивни дополнувања. На средбата се разви плодна дискусија каде присутните се осврнаа на дополнителни атрактори во Скопскиот регион како дел од можностите за збогатување на туристичката понуда во Скопскиот регион. Во рамките на проектот во престојниот период ќе се одржат дополнителни средби и финална конференција каде ќе се презентираат атракторите како клучни во понудата на таргетираните плански региони во рамките на проектот УНДП и Министерството за локална самоуправа во соработката со центрите за развој во планските региони.
[foogallery id=”4518″]
No comment yet, add your voice below!