Центарот за развој на Скопски Плански регион во соработка со Центарот за обуки на Секретаријатот за Европски прашања, во рамките на твининг проект за градење на капацитети за ЕУ и евро-интеграциите, организирaa работилница која се одржа на 25.04.2017 година во просториите на Скопски Саем, Дипломатик сала.
Целта на работилницата беше да се презентираат отворените повици за финансирање од ЕУ наменети за институциите, граѓанскиот и приватниот сектор како и да се презентираат активностите на Центарот за обука на Секретаријатот за прашања на Р.Македонија.
На настанот присуствуваа претставници од Секретаријатот за Европски прашања на Р. Македонија, Европската Делагација во Р.Македонија, претставник од Министерство за надворешни и европски прашања на Република Хрватска, како и партнери во рамките на твининг проектот. На средбата беше презентирана ИПА I и ИПА II програмата за отворените можности за општините и регионалните чинители како и презентација на тековните проекти наменети за општините од Центарот за обука на СЕП при Секретаријат за европски прашања.
[foogallery id=”4627″]
No comment yet, add your voice below!