Како дел од ИПА програмата, Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со планските региони во тек е спроведување на проектот ,,Изработка на неопходна документација за воспоставување на интегриран и финансиски самоодржлив систем за управување со отпад во Пелагониски, Југозападен, Вардарски и Скопски регион”.
Севкупната цел на проектот е да се постигне интегриран и финансиски самоодржлив систем за управување со отпадот во Пелагонискиот, Југозападниот, Вардарскиот и Скопскиот регион.
Во рамките на проектот изработени се следниве документи:
- Извештај од консултации со јавноста за Регионален план за управување со отпад и Стратегиска оцена на животната средина за Скопскиот регион
- Извештај за Стратегиска оцена на животната средина (СОЖС) од спроведување на Регионален план за управување со отпад во Скопскиот регион
No comment yet, add your voice below!