На ден 11.09.2012год. во 09:00часот во просторите на Скопски Саем – Дипломатик сала се одржа првата работилница. На работилницата беа поканети преставниците од општините во Скопскиот плански регион и Инстуциите од Р.Косово.Предавачи на работилницата беа г-дин Бого Филипич и г-дин Хари Шутовски.
Целта на работилницата беше присутните да се запознаат со функционирањето на ИПА во Македонија и посебно за ИПА компонента 2 (Прекугранична соработка) како: правила, цели, фактори за успешност, лимитирачки фактори, партнерство, видови на проекти, идентификување на проектни идеи и досегашни искуства.
Учесниците на работилницата беа задоволни од прикажаната презентација на двата презентери и се заклучи дека би требало да се одржат уште вакви работилници.
Работилницата е во организација на Центарот за развој на СПР а во соработка со Регионалната Агенција Гоењска, Р. Словенија.
No comment yet, add your voice below!