Skip to content

Отворена канцеларијата на скопскиот плански регион

ДАТУМ

февруари 11, 2010

Категории

Во организација на Советот за развој на скопскиот плански регион и УСАИД Проектот за Локален – економски развој МЛГА, Градоначалникот на Општина Гази Баба Тони Трајковски, како претседател на Скопскиот плански регион, ја отвори канцеларијата на Центарот за развој на скопскиот плански регион.
Канцеларијата ќе претставува логистичка точка, преку која целиот скопски регион ќе ги имплементира своите развојни стратегии, акциони програми и проектни решенија.
На отварањето присуствуваа Градоначалниците на Скопските општини и на Скопскиот регион, како и Градоначалникот на град Скопје Коце Трајановски.
По официјалното отварање, следуваше седницата на Советот за развој на Скопскиот плански регион на која се презентираа резултатите за проценка на општествените вредности во Скопскиот регион и Нацрт – верзијата на Програмата за развој на Скопскиот плански регион.\
(Превземено од веб страницата на Општина Гази Баба)

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy