Денеска, Центарот за развој на Скопски плански регион релизира уште еден витален проект кој придонесува во мобилноста и одржувањето на патната инфраструктура, со доставата на Мултифункционално возило, наменето за Општина Зелениково, чие финансирање беше овозможено од Министерството за локална самоуправа, со ко-финансирање од страна на општината како краен корисни и партнер во проектот. Овој проект ги јакне капацитетите на локално ниво, ја осамостојува општината во грижата за одржувањето на чисти и проодни патишта, овој пат со нов „јунак“ кој го збогатува фондот на корисен возен парк, секогаш подготвен за акција. Градоначалникот Коста Маневски заедно со работната група, комисијата и носителот на набавката, присуствуваше на доставата на возилото, кое беше пречекано со општа радост од страна на вработените и жителите во општината. Центарот за развој на Скопски плански регион, продолжува со фокусот на развојни проекти кои се во насока да обезбедат добра и функционална инфраструктура, со поддршка од матичното Министерство за локална самоуправа и секако во партнество со општините, запазувајќи ја визијата за рамномерен развој и намалување на диспаритетите во најразвиениот, но и најкомплексниот регион.





No comment yet, add your voice below!