Денес центарот за развој на Скопски плански регион, заедно со партнерите Министесртво за локална самоуправа, Швајцарска агенција за развој и соработка и Општина Ѓорче Петров го промовираа проектот „Приказната продолжува“, кој е во завршна фаза. Проектот претставува реконструкција на постоечкото старо повеќе од 100 години основно училиште во скопско Кучково и претворање во Регионален центар за рехабилитација и ресоцијализација на деца излекувани од малигни заболувања. Објектот на површина од 650 м² има капацитет за престој на 20 деца со придружба на еден родител во комплетно опремени простории и училници за он-лајн образование, за физикални вежби, соба за психо-социјални работилници, а има и соби за игра и „мирна соба“ за рехабилитација.
„Горди сме што имавме можност да реализираме еден ваков значаен проект кој произлезе од регионалните форуми организирани од страна на центарот за развој на Скопски плански регион, кој на децата ќе им овозможи здравствена, социјална заштита и рехабилитација, како и едукација и ќе им помогне повторно вклучување во образовниот систем на еднакви основи со нивните соученици“, изјави в.д. директорката на ЦРСПР, г-ѓа Арсовска.
Вкупната вредност на проектот е 23.574.074,00 денари, од кои 8.435.000,00 денари се обезбедени од Швајцарска агенција за развој и соработка, 10.380.998,00 денари од страна на Министерство за локална самоуправа и Општина Ѓорче Петров која учествува со 4.758.076,00 денари.
Нека оваа приказна им даде нови можности, нови перспективи на сите оние мали херои кои што се избориле со канцерот.
No comment yet, add your voice below!