Денеска беше одржана XXII седница на Советот за развој на Скопски плански регион, во седиштето на Центарот за развој на Скопски плански регион, со локација на Приватниот Европски Универзитет.
На седницата беа едногласно изгласани и усвоени од градоначалниците и ополномоштените претставници, 10 –те точки од дневниот ред, од кои 3 точки се однесуваа на преотстапувањето на реализираните проекти на општините како главни партнери и крајни корисници. Преотстапени беа проектите: „Изработка на техничка документација за Стар Качанички пат“ на општината Бутел, ,,Рехабилитација на ул.”Александар Урдаревски (должина 660метри)„- II-ра фаза” на општината Шуто Оризари и „Подобрување на туристичка сигнализација и инфраструктура преку поставување туристичка сигнализација и партерно уредување со улично осветлување на археолошки локалитет Градиште,с.Таор-Tauresium“ на општина Зелениково. Останатите точки се однесуваа на усвојувањето на: годишниот Извештај за реализација на Програма за развој на Скопски плански регион за 2024 година и извештајот за финансико работење на Центар за развој на Скопски плански регион за 2024 година како и за усвојувањето на завршните сметки за изминатата година на Центар за развој на Скопси плански регион, и на проектите ,,Оддржлив и инклузивен рамномерен регионален развој – II фаза на спроведување”, Opportunity4you – ИПА програмата за прекугранична соработка Србија-Северна Македонија и “Изработка на техничка документација со ревизија и физибилити студија за изградба на центар за собирање на отпад и компостара” УНДП. Седницата заврши со одобрување на предложената локација за ново седиште на Центарот за развој на Скопски плански регион за чија проемена наскоро ќе претстојат официјални известување, како и со честитки од страна на градоначалниците за успешно сработените проектни активности во 2024 година.
No comment yet, add your voice below!