Семејството на работната група, задолжена за тригодишното спроведување на проектот ПАДРИОН чии имплеентатор во рамки на нашата земја е Центарот за развој на Скопски плански регион како еден од 8-те
партнери од 7-те земји во Јадранско -Јонски регион, се прошири со номиниран член од Сојузот на Стопански комори, Г-динот Драган Пехчевски. Долгогодишната соработка помеѓу ССК и ЦРСПР е резултат на потребите за развој кои ја опфаќаат и регионалната бизнис клима како една од основните двигатели на економскиот раст втемелен меѓудругото и на дигиталната инфраструктура. Ова партнество со кое се проширува работната група има за цел да влијае и придонесе низ призмата на бизнис секторот врз дигиталните процеси кои се имплементираат во јавната администрација чија ефективност и ефикасност се од голем значај во релациите на Јавното и приватното партнерство од локално до национално и пошироко, регионално ниво. Со процесите на унифицирање на еквивалентните модели и алатки во воспоставените дигитални столбови, се очекува олеснет пристап и временска заштеда, но пред се продуктивност во искористување на економските, грантовите и останатите потенцијали кои се предмет на интерес за оптимизација како на ентитетите за развој како ЦРСПР, така и на агрегаторите на бизнис регистрите чии членки ќе имаат директен увид во степенот на зрелост на дигиталната трансформација. Ширењето на составот на работната група со клучни протагонисти во процесите на дигиталната трансформација продолжува во текот на овој месец, предвиден за заокружување на сеопфатна и целисходна работна група која ќе влијае на подобрувањето на сите процеси, активности и фази од имплементацијата на проектот ПАДРИОН.
No comment yet, add your voice below!