Skip to content

ЦЕНТАРОТ ЗА РАЗВОЈ НА СКОПСКИ ПЛАНСКИ РЕГИОН ВО ПОСЕТА НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА БИЗНИС ЖЕНИ, ПО ПОВОД ИНКЛУЗИВНОСТ ВО РАБОТНАТА ГРУПА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕТО НА ПРОЕКТОТ „ПАДРИОН“

Центарот за развој на Скопски плански регион, започна со координативните средби  за мплементација на проектот ПАДРИОН (Соочување на јавната администрација со процесот на дигитална трансформација како заедница од областа АДРИОН), чии први чекори се проширување на работната група. Таргетирани се сите засегнати чинители од приватниот и јавниот сектор, надлежните министерства и дел од општините со цел да се постигне инклузивност и синергија во интеграција на активностите, за подобро и посеопфатно спроведување нa дигиталната трансформација во рамки на проектот. Денеска, беше остварена посета за партнерство во Здружението на бизнис жени кое во соработка со Министерството за економија нa Република Северна Македонија, ја изработи Националната платформа на жени претприемачи, изгласана во 2018 година. Здружението е аналитички мапирано согласно фокусот на целните групи во проектот ПАДРИОН кој на наша територија го спроведува ЦРСПР, како еден од 8-те партнери од 7-те земји во Јадранско -Јонски регион, територија на која во временска рамка од 3 години се спроведува проектот. Со овој координативен состанок на кој беше испрезентиран проектот ПАДРИОН, работната група како нов партнер го доби Здружението на бизнис жени, чии претседател е Г-ѓа Валентина Дисовска, а претставник Г-ѓа Елена Блажевска. Станува збор за специфичен и компетентен партнер, кој  веќе придонесува за социјалниот и економскиот развој, со посебен акцент на женското претприемништво како фактор на економски раст и може да даде одличен придонес во насока на дигиталната тренсформација чиј фокус се жените и нивните предизвици во дигиталната ера.  

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

I accept the Privacy Policy