Денеска во просториите на Центарот за развој на Скопски плански регион, вд директорката Розета Арсовска, во својство на проектен менаџер на проектот ПАДРИОН (Соочување на јавната администрација со процесот на дигитална трансформација како заедница од областа АДРИОН), одржа интерна координативна средба со назначените координатори Бојан Кордалов и Регина Икономовска, со цел – проекција на идните активности.
На работната средба беа мапирани партнерите кои ќе ја сочинуваат работната група со претставници од граѓанскиот и приватниот сектор кои заедно со дел од општините и надлежните владини министерства за локална самоуправа и дигитална трансформација ќе придонесат за успешна реализација на проектните активности во земјава. Формирањето на проширениот состав на работната група е со цел инклузивно вклучување на споменатите чинители и засегнати страни во рамки на активностите на Центарот за развој на Скопски плански регион, како еден од осумте партнери во спроведувањето на проектот ПАДРИОН.
Во контекст на превземањето на следните чекори, беше направен и пресек на досегашните активности со цел да се утврдат статусот и степенот на проектниот развој.
No comment yet, add your voice below!