Skip to content

ДЕН НА СКОПСКИОТ РЕГИОН

ДАТУМ

December 31, 2024

Категории

Центарот за развој на Скопски плански регион одржа промотивно-афирмативен настан под наслов ,,ДЕН НА СКОПСКИ РЕГИОН’’, посветен на вредностите кои се предмет на развојните планови што ги спроведува, од кои досега произлегоа значајни проекти со опфат на сите сегменти. Со свечен поздравен говор настанот го отворија, Г-дин Даут Мемиши, вд Директор на Биро за регионален развој; Г-дин Коста Маневски, Претседател на Совет за развој на Скопски регион и Градоначалник на Општина Зелениково и Г-ѓа Розета Арсовска, в.д. Директор на Центарот за развој на Скопски плански регион. Концептуално, првиот дел беше посветен на Комуникациската стратегија за видливост, транспарентност и отчетност, презентирана од комуникологот Мики Трајковски, со цел запознавање на соработниците и граѓаните за улогата на центарот како двигател на рамномерниот регионален развој, која беше заокружена со прижување на промотивно видео. Посетителите имаа можност да уживаат во 5 минутното видео во чиј опфат се убавините, капацитетите, ресурсите, инфраструктурата и социо-економските потреби во регионот врз чија основа се реализирани низа корисни, иновативни, инклузивни и одржливи проекти, со финансиска поддршка од матичното Министерство за локална самоуправа/Биро за регионален развој, во партнерство со општините и останатите соработници. Во вториот дел настанот беше конципиран на 3 тематски панел дискусии: I панел дискусија на тема „Одржлив развој – клучен за инклузивен и економски развиен регион“ на која како панелисти гостуваа Г-ѓа Жаклина Атанасовска, Раководител на одделение за децентрализација на услуги од социјална заштита, МСПДМ; Г-дин Драган Пехчевски, Претседател на Групацијата за проекти и член на Управниот одбор – Сојуз на стопански комори на Македонија и Г-ѓа Маја Крстевска, претставник од Центарот за образование на возрасни. II панел дискусија на тема „Примена на иновативни технологии за заштита на животна средина за одржлив развој во скопскиот регион“ со учество на панелистите Г-ѓа Ана Каранфилова Мазневска, Раководител на сектор за отпад, МЖСПП; Г-дин Никола Јовановски, Раководител на Сектор за заштита на животна средина, Општина Гази Баба и Г-ѓа Александра Димова Манчевска, Проектен менаџер UNDP III-та панел дискусија на тема „Јакнење на економскиот развој на регионот со промоција на туристички понуди, и заштита и одржливост на природно и културно наследство“ беше заокружена со аспекот на панелистите Г-дин Зоран Николовски, Раководител на Сектор за проекти, поддршка на туризмот и административно – правни работи, Агенција за промоција и поддршка на туризмот; Г-дин Киро Ристов, Раководител на арх. локалитет „Градиште“, Музеј на Град Скопје и Г-дин Бојан Ранташа, Претседателот на Здружение на граѓани „Центар за Одржливи Иницијативи“. Настанот модериран од Г-ѓа Регина Икономовска, Координатор за регионален развој од Центарот за развој на Скопски плански регион, заврши со конструктивни заклучоци за идниот регионален развој, кој се очекува да биде во склад со националните, регионалните и локалните стратегии, посинергичен со подобрена взаемна комуникација во една заедничка визија, рамномерно развиен, иновативен, индустриски и туристички атрактивен, енергетски паметен и ефикасен и пред се чист регион.

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

I accept the Privacy Policy