Успешно завршни дводневната Работилница за дигитални општини – транспарентен и ефикасен јавен сервис (TAIEX Workshop od Digital municipalities – a transparent and efficient public service) поддржана од инструментот ТАИЕКС на ЕУ, а организирана во соработка со Центарот за развој на Скопски плански регион.
Вториот ден беше посветен на можностите кои ги дава инструментот „Лордимас”, за проценка на дигиталната зрелост за чие користење беше организирана и интерактивна вежба во која беа групирани претставниците на општините и центарот за развој, за да го увидат степенот на зрелост и нивниот стадиум на дигитална трансформација преку пополнување на евалуационен прашалник кој претставува алатка за реална самопроценка на нивото на дигитализација.
Експертите: Г-дин Петер Гершиќ, Раководител на Канцеларијата за развој, Ново Место, Словенија, Г-дин Зоран Цетинјанин, Одделение за ИКТ на Град Карловац и Александар Томулич, Одделение за ИКТ на Град Риека, Хрватска, на веќе разработената тема и терминологија го навигираа прашалникот кој беше одлично прифатен и разви плодна дискусија меѓу присутните.
Во опфатените теми беа и управувањето и безбедноста на податоците, важноста на интер-операбилноста и борбата со корупцијата и криминалот на локално ниво.
Од работилницата, произлегоа многу идеи, насоки и искуства од ИТ секторот кој за жал се повеќе се одлева во странство од повеќе причини, како и препораки за естаблишмент на посебна државна „стреа” како агенција, институција, претпријатие и сл. кое ќе ја мобилизира, надградува, управува и стимулира оваа прогресивна кадрова сила.
Дискусијата ја водеа вд. директорот на Центарот за развој на Скопски плански регион, Г-ѓа Розета Арсовска, Г-ѓа Елизабета Буова, Раководител на Центарот за обука на МЕП – ТАИЕКС, како и Г-дин Бојан Кордалов, Виш експерт за комуникација и видливост во рамки на програмата „ЕУ за општините” кои ја заокружија работилницата со заклучоци од сумираните индикатори и постоечки анализи на актуелната состојба.
Сумирано, со придонесот од експертите кои споделија корисни знаења и одлични примери од своите земји, и интерес и интерактивност на учесниците, работилницата отвори низа прашања кои покажаа потреба за континуитет на темата за дигитализација, и повеќе вакви ТАИЕКС работилници за да се дисеминираат, вмрежат и генерираат, знаењата и насоките со цел правилно трасирање на дигиталната инфраструктура.
No comment yet, add your voice below!