Skip to content

ТАИЕКС работилница за дигитални општини – транспарентен и ефикасен јавен сервис

ДАТУМ

октомври 2, 2024

Категории

ТАИЕКС работилница за дигитални општини – транспарентен и ефикасен јавен сервис, Охрид, 02-03 Октомври 2024
Денеска во Охрид, се одржува првиот ден од  Работилницата за дигитални општини – транспарентен и ефикасен јавен сервис (TAIEX Worksshop od Digital municipalities – a transparent and efficient public service) поддржана од инструментот ТАИЕКС на ЕУ,  која е организирана во соработка со Центарот за развој на Скопски плански регион.

Целта на работилницата е да ги советува претставниците на општините за стратешкиот пристап кон дигитализираните општински услуги во насока како да го планираат нивниот развој и имплементација преку примерите и предизвиците со кои се соочиле Хрватска и Словенија при процесите на дигиталната трансформација, во  пристапот на ралични нивоа на управување за е-владеење, е-услуги на локално ниво, отворени податоци и транспарентност.

На работилницата гостуваа експертите: Г-дин Петер Гершиќ, Раководител на Канцеларијата за развој, Ново Место, Словенија, Г-дин Зоран Цетинјанин, Одделение за ИКТ на Град Карловац и Александар Томулич, Одделение за ИКТ на Град Риека, Хрватска,  кои споделија многу корисни, иновативни модели за адаптација во нашата земја, во рамки на темите: локални „дигитални близнаци”, планирање на системи базирани на „облак” (cloud),  дигитална трансформација и отворени информативни пристапи за интер-операбилност на јавните податоци.

Работилницата со воведен збор ја отвори вд. директорот на Центарот за развој на Скопски плански регион, Г-ѓа Розета Арсовска на која со интродукција во актуелнata имплементацијата на политиките и стратегиите за дигитализација се надоврза Г-ѓа Елизабета Буова,  Раководител на Центарот за обука на МЕП – ТАИЕКС Национален Координатор.

Работилницата ќе продолжи и во текот на утрешниот ден со цел споделените теми, практики и модели успешно да се дисеминираат, прилагодат и применат во  процесите на македонската дигитална трансформација.

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy