Skip to content

„НЕДЕЛА НА ЕВРОПСКИ МОЖНОСТИ” СО СЕРТИФИКАТ ЗА „ШАНСА ЗА ТЕБЕ”

ДАТУМ

октомври 1, 2024

Категории

На 27 септември во Ниш, свечено заврши втората „Недела на европските можности”, која траеше четири дена, со теми посветени на  бизнисот, иновациите, културата, граѓанскиот сектор, медиумите, образованието, младите и спортот, со особен осврт на локалниот  развој, чии активности се одвиваа во „Европска куќа”, Белград, во режија и организација на ЕУ делегација – Србија. Последниот ден беше посветен на доделување на сертификати на „главните виновници” за сите успешно завршени проекти финансирани од ИПА II прекуграничната програма за соработка Србија – Р.С.Македонија, меѓу кои и проектот „ШАНСА ЗА ТЕБЕ” во кој партнер од Македонската страна е Центарот за развој на Скопски плански регион, заедно со водечкиот партнер Центарот за управување со знаење, Скопје, во партнерство со Центарот за развој на Јабланичко-пчињскиот округ и општината Власотинце, од страна на Србија.

Сертификати беа доделени и на локалните самоуправи и невладините организации, кои во претходниот период успешно реализираа проекти за прекугранична соработкаЛесковацМедвеѓа, Сарај и Крива Паланка фокусирани на превенција од поплави, зелен туризам и социјално претприемништво.

Програмата беше отворена со воведни говори на амбасадорот на ЕУ во Србија Емануеле Жиофре, министерката за евроинтеграции Тања Мишчевиќ, заменик министерот за локална самоуправа на Северна Македонија Ерџан Селими и градоначалникот на Ниш Драгослав Павловиќ.

Добрата соработка, взаемните искуства во реализацијата и имплементацијата на проектот „Шанса за тебе”, се резултат на прогресивна идеја, одлична апликација и што е најважно сплотена тимска работа која вроди со плод на кој денеска заеднички се гордееме.

Ве охрабруваме, да ги развивате идеите, да созадавате партнерства и да креирате убави прекугранични проекти со можностите ги нуди новата ИПА програма, чиј повик е отворен.

И овој пат, со слоганот кој веќе добро го знаете, следете го нашиот пример и искористете ја „Шансата за себе”

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy