Врз основа на член 22 и член 23 од Законот за работни односи (,,Службен весник на РМ бр. 62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16 и 120/18 и „Службен весник на РСМ“ бр.110/19, 267/20, 151/21 и 288/21) и согласно член 26 став 8, став 9, став 10, став 11, став 13 и член 27 став 1 од Законот за рамномерен регионален развој (службен весник на РМ бр.24/2021 и 174/21), Согласно член 2 од Одлука од седница на Совет за развој на Скопски плански регион дел.бр.02-117/5 од 28.09.2022година Советот за развој на Скопски плански регион, објавува
ОГЛАС
За избор на Директор на Центарот за развој на Скопски плански регион-1извршител на определено време за период од 4 години
За Директор на Центарот може да биде избрано лице кое ги исполнува следниве услови:
- да е државјанин на Република Северна Македонија;
- во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност;
- да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС, односно завршен VII/1 степен образование од областа на правните, економските или техничките науки;
- да има работно искуство од најмалку пет години од кои најмалку две години со управување со развојни проекти во областа на локалниот и регионалниот развој;
- да поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати за познавање на англиски јазик не постар од две години:
а) ТОЕФЕЛ (TOEFL) со најмалку 74 бода,
б) ИЕЛТС (IELTS) со најмалку 6 бода,
в) ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) со најмалку Б2 ниво,
г) ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен,
д) БУЛАТС (BULATS) со најмалку 60 бода или
ѓ) АПТИС (APTIS) – најмалку ниво Б2 (B2) и
– активно познавање на програми за компјутерско работење.
Покрај наведените услови за вработување предвидени со Закон за рамномерен регионален развој, кандидатот потребно е да ги исполнува и останатите општите услови за вработување предвидени со Законот за работни односи (да е полнолетен, активно да го користи македонскиот јазик, да има општа здравствена способност за работното место).
Потребни документи за аплицирање:
Кандидатите треба да приложат:
- Уверение за Државјанство на Република Северна Македонија;
- Уверение со правосилна судска пресуда дека не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност;
- Биографија (CV);
- Заверен препис на уверение-диплома за завршено образование;
- Доказ за работно искуство, копии од документите кои го потврдуваат стекнатото работно искуство;
- Меѓународно признат Сертификат за познавање на англиски јазик не постар од две години;
- Сертификат /диплома за познавање на програми за компјутерско работење;
- Лекарско уверение како доказ за општа здрaвствена способност за работното место.
Мандатот на Директорот на Центарот е 4 (четири) години, со право на повторен избор.
Огласот е отворен 4 (четири) работни дена од денот на објавувањето, вклучувајќи го и денот на објавувањето на огласот.
Работни часови неделно: 40; Работно време од 08:30 до 16:30;
Работни денови: од понеделник до петок.
Основна нето плата: 44.062,00,00 денари.
Пријавите за вработување со потребните документи да се достават до Архивата на Центар за равој на Скопски плански регион – Скопје, на адреса ул.”Димитрија Чуповски” бр.13, први кат Стопанска комора Скопје.
Совет за развој на Скопски плански регион,
Претседател,
Бобан Стефковски
No comment yet, add your voice below!