УНДП во соработка со Бирото за регионален развој објавува повик за доставување апликации за грантови, во рамки на проектот „Пост-КОВИД: општините како двигатели за одржливиот развој“.
За потребите на проектот „Пост-КОВИД: општините како двигатели за одржливиот развој“, канцеларијата на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) објавува повик за проекти за меѓуопштинска соработка (МОС).
Општата цел на проектот е да се обезбеди регионален и локален развој кој е инклузивен, родово-сензитивен, заснован на докази и целосно одговара на развојните потреби на најнеразвиените општини чии заедници се најпогодени од пандемијата со КОВИД-19.
Целта на повикот за проекти е зајакнување на капацитетите на единиците на локалната самоуправа преку поддршка на иновативни модели на соработка утврдена во Законот за локална самоуправа како и/или постоечките законски облици на МОС како алатка за спроведување на политиката за регионален развој и подобрена испорака на услуги кон граѓаните. Дополнително, со цел да се подржи најавеното подобрување на целокупната законска рамка за МОС, преку воспоставување, функционирање и анализа на постигнатите резултати на иновативни модели на МОС, ќе се придонесе кон подготовка на сеопфатна оценка за можноста за проширување на постоечкиот број на облици на МОС како и измена и дополна на другите релевантни елементи на Законот.
Повикот за проекти за меѓуопштинска соработка ќе даде поддршка на општините во воспоставувањето и функционирањето на меѓуопштинската соработка во следниве области:
- финансиско управување,
- заштита на животната средина,
- транспортот,
- намалување на ризикот од катастрофи и
- други области што традиционално се предмет на политиката за регионален развој на ЕУ.
Исто така, во рамки на овој повик, општините можат да аплицираат и ќе бидат поддржани да спроведуваат пилот-проекти кои се однесуваат на родовата еднаквост и проблемите идентификувани на инклузивен и партиципативен начин. Посебен фокус ќе се стави врз иновации при испораката на локални услуги на технолошко ниво, што ќе придонесе за искористување на можностите создадени со дигитализацијата и ќе ги подигне меѓуопштинската соработка и придобивките од ефикасноста на ново ниво. Дополнително, иновативни и традиционални облици на меѓуопштинска соработка ќе бидат подржани и во останатите области кои се во надлежност на единиците на локалната самоуправа.
Времетраењето на еден проект во рамките на оваа грант шема изнесува 9 (девет) месеци. Вкупниот износ за овој повик изнесува 350.000 УСД. Општините може да поднесат апликации за грантови за проекти за МОС во висина од 30.000 до 50.000 УСД (изразени во МК денари). Финансиските средства кои избраните ЕЛС ќе ги добијат во рамки на овој повик административно ќе се управуваат од страна на УНДП.
Општините кои изразуваат интерес да аплицираат на овој повик, на следните веб страници можат да ги превземаат Оперативните насоки заедно со Формуларот за апликација, образец за буџет како и потребните документи поврзани со пополнување на Индексот за општински развој:
- www.undp.org.mk
- brr.gov.mk
- www.mls.gov.mk
- www.zels.org.mk
- Веб страниците на сите осум Центри за развој на планските региони
Пријавите се примаат најдоцна до 13 август 2021 година, до 14:00 часот. Ниедна пријава нема да биде примена по истекот на рокот. Со цел за детално презентирање на оперативните насоки и формуларот за аплицирање, во периодот од 19 до 23 јули 2021 година, ќе се оддржат 8 инфо сесии на ниво на планските региони.
No comment yet, add your voice below!